Добредојдовте!
РЕЗИМЕ НА КОМПАНИЈАТА

Турбоинженеринг е компанија која е лидер на македонскиот пазар во делот на испорака и одржување на пумпи и пумпни станици веќе 25 години.


Ние сме застапници на светски докажаните и сертифицирани производители на пумпи и тоа: CALPEDA, CAPRARI, ZENIT, GRINDEX, WFM Generators, како и ELBI, AQUASYSTEM, SEKO и CADOPPI.


Нашата главна дејност е проектирање, испорака, монтажа, одржување и сервисирање на пумпи, компресори и водоводна арматура. Исто така, нудиме услуги поврзани со проектирање, изведба и надзор на градежни конструкции.


Успешното работење на компанијата во изминатите 25 години е резултат на стручноста, професионалниот однос и високата квалификуваност на вработените, проследено со определбата за избор на материјали и опрема со врвен квалитет.


Нашата главна цел е да обезбедиме целосно задоволство од нашите производи и услуги. Тоа го постигнуваме преку испорака на производи со загарантиран квалитет, професионална и навремена услуга и партнерски и одговорен однос со нашите клиенти и добавувачи.


Турбоинженеринг поседува сертификати за квалитет ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2018. Исто така, располагаме со Лиценца А, Б и Ц за проектирање, изведба и надзор на градежни објекти.




МИСИЈА

Мисијата на Турбоинженеринг е да нуди решенија, кои целосно ги задоволуваат потребите на клиентите. Како сигурен партнер ги почитува целосно договорените рокови за реализација на проектите, со примена на најновите европски стандарди за квалитетна и комплетна услуга.

Секој аспект на нашето работење се темели на нашите вредности и тоа:


Квалитет – нашата главна определба за производите и услугите кои ги нудиме


Професионалност – секоја наша одлука се темели на искуство и знаење


Посветеност – целосно сме посветени на навремено и квалитетно завршување на работните задачи


Иновативност – постојано вложуваме во современи технологии и креативни решенија за проблемите


Општествена одговорност – обезбедуваме оптимални услови за работа и грижа за пошироката животна средина


НАШИОТ ТИМ

Една од главните предности на компанијата и темел на нашиот успех е тимот на експерти со кој располагаме. Управител на компанијата и предводник на експертскиот тим е г-дин Ѓоко Петровски, машински инжинер со долгогодишно искуство и знаење.


Поаѓајќи од фактот дека нема продуктивна работа без задоволни и мотивирани вработени, компанијата постојано инвестира во нивното професионално усовршување и едукација и се грижи за нивната благосостојба. Организациската структура опфаќа повеќе сегменти во рамките на два главни сектори - административно – комерцијален сектор и производствено – сервисен сектор. Со нив менаџираат инженери со повеќегодишно искуство и лиценци согласно светските трендови.