Добредојдовте!
СЕРВИСИРАЊЕ НА ПУМПИ

Турбоинженеринг континуирано работи на развојот и унапредувањето на сервисот со примена на строгите стандарди за квалитет на услуги кои ги наметнуваат реномираните производители на пумпи. Нашиот погон за ремонт и сервисирање на пумпи опфаќа:

  • Машинска работилница со опрема за машинска обработка на делови
  • Браварска работилница со заварувачко одделение
  • Одделение за монтажа и демонтажа на пумпи
  • Испитна станица со резервоар за испитување на пумпи
  • Одделение за изработка на електро ормани и поправка на електромотори

ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ врши поправка и комплетен ремонт на пумпи, електромотори, електрични табли и слична опрема од сопствени застапништва, како и опрема од други испорачатели.

  • Испорака на оригинилни делови од увоз и домашни производители
  • Можност за репарирање на делови за пумпи со целисходно користење на сите современи методи за репарирање
  • Демонтажа со дефектажа за оштетени пумпи како и поправка на карактеристики на користени пумпи

Решавање на карактеристични проблеми во пумпни системи:

  • Недоволен притисок
  • Лошо всисување - кавитација
  • Оптимализација на пумпа и заштеда на енергија
  • Паралелна и сериска работа на пумпи
  • Проблеми со вибрации