Турбоинженеринг
Добредојдовте!
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ

ПОЛИТИКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ,ЖИВОТНА СРЕДИНА,БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА


Политиката за управување со квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа во Турбоинженеринг се заснова на остварување и одржување на репутација во бизнисот преку обезбедување квалитетни, навремени и ефикасни услуги за нашите клиенти со цел задоволување на нивните барања, потреби и очекувања. Приоритетни задачи во остварувањето на долгорочна деловна политика се воспоставување на систем на управување со квалитетот и заштита на животната средина, неговото одржување и постојано подобрување и вложување во создавањето на безбедни и оптимални услови за работа.




Клучни цели согласно политиката за управување со квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа:

1. Исполнување на потребите и очекувањата на клиентите и корисниците со цел зголемување на нивното задоволство,

2. Развој на квалитетни односи со клиентите и добавувачите врз основа на взаемен интерес,

3.Задоволување на потребите и очекувањата на вработените,

4.Следење на понудите на конкурентите на пазарот и преземање неопходни чекори за да се биде на врвот,

5.Континуирано подобрување на реализација на производните процеси, инвестирање во човечките ресурси и следење на современите технолошки движења,

6. Подобрување на административните,производствените и други простори,

7. Континуирано подобрување на квалитетот на производите и услугите,

8. Подобрување на организацијата на работата на рационално користење на суровини,енергија и вода,намалување на емисиите во воздухот и спречување на загадувањето на водата и почвата,

9.Тенденција да се намали вкупниот отпад и отстранување на отпадот на начин кој не ја загрозува животната средина,

10.Континуирано подобрување на животната средина,

11.Воспоставување на ефективна комуникација со сите заинтересирани страни и други релевантни организации за подобро да споделуваат информации релевантни за животната средина,

12.Обезбедување информации и комуникација преку информатички систем,

13. Систематско управување со човечките ресурси преку обезбедување обуки во рамките на активностите на компанијата,

14.Креирање на безбедни и здрави работни услови без професионални заболувања и повреди на работа,

15.Усогласување со законската регулатива, особено во областа на безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина и

16.Постојано подобрување на ефективноста и ефикасноста на Интегрираниот систем за управување.Вработените во Турбоинженеринг се посветени во исполнувањето на оваа политика и стандардите ISO 9001:2008, ISO 14001:2004 и OHSAS 18001:2007.